Портпаролот на ОН потврди дека организацијата е подготвена да испрати група експерти за да го истражат вчерашното гранатирање на затворот во селото Оленивка, во област контролирана од проруските сепаратисти.
Според руската страна, во тој напад биле убиени 53 украински воени заробеници. Меѓу нив има и членови на Азовскиот полк, кои беа заробени од Русите по падот на фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
ОН соопштија дека се подготвени да испратат експерти за да го истражат нападот, но само доколку претходно добијат согласност од украинската и руската страна.
Американскиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен вчера ѝ изразил сочувство на Украина за смртта на воените заробеници во телефонски разговор со неговиот украински колега, соопшти американскиот Стејт департмент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.