Шефицата за разоружување при ОН Изуми Накамицу изјавидека Обединетите нации немаат сознанија за каква било програма за биолошко оружје во Украина.

Советот за безбедност на ОН е свикан по барањето на Русија за да се разговара за тврдењата на Москва, презентирани без докази, за американските „биолошки активности“ во Украина.

Накамитсу се осврна и на „загрижувачкото прашање“ за безбедноста на нуклеарните централи во Украина

Таа рече дека несреќа со нуклеарни постројки во Украина „може да има тешки последици за јавното здравје и животната средина“. Накамитсу вели дека „мора да се преземат сите чекори за да се избегне тоа“.

Таа потенцираше дека можноста за несреќа предизвикана од прекин на напојувањето на реакторот или неможноста да се обезбеди редовно одржување „се зголемува од ден на ден“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.