Над 80.000 квадратни километри украинска територија се минирани, што ја прави земјата една од најминираните во светот. Ова се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Украина, повикувајќи се на податоци од ОН.

Во Украина, за наследството од еден месец војна – во форма на неексплодирани убојни средства, нагазни мини и касетна муниција – ќе бидат потребни децении за да се реши, заканувајќи им се на животи долго откако пушките ќе замолчат, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Тој појасни и дека мините сега ја ограничуваат испораката на итна хуманитарна помош и ги спречуваат луѓето да избегаат на безбедно“.

Украинското МНР наведува дека по првиот бран на руска вооружена агресија врз Украина во 2014 година, било потребно да се исчистат околу 16.000 квадратни километри од регионите Луганск и Доњецк, денес, според прелиминарните проценки, станува збор за 80.000 квадратни километри од Украина.

Според ОН, „Украина е една од најминираните земји во светот. Дури и пред тековната воена офанзива, повеќе од 1,8 милиони луѓе од Донбас беа опкружени со мини осум години“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.