Повеќе од три илјади милитанти се кријат на просторот на индустрискиот комплекс „Азовстал“ во Мариупол, изјави претставникот на Народната милиција на Народна Република Доњецк (ДНР), Едуард Басурин.

Претпоставуваме дека останаа околу 3-3,5 илјади. Но, сепак треба да се земе предвид фактот дека и некои од жителите на Мариупол земаа оружје, така што бројот може да биде многу поголем – изјави Басурин.

Како што изјави Басурин на крајот на минатата недела, милитантите не го контролираат градот, но имаат можност да се движат низ подземни премини и да пружат отпор на тој начин.

На 7 март 2022 година, Александар Семјонов, заменик командант на баталјонот „Восток“ на ДНР, изјави дека војската го опколила Мариупол и почнала да расчистува одредени области, сега безбедносните сили Доњецк тврдат дека борбите во централниот дел на градот се завршени.

Мариупол, градот со население од околу 450 илјади луѓе, стана едно од најжешките места на конфликтот во Украина. Меѓу другите украински единици, таму дејствува и ултра националистичкиот баталјон „Азов“, против чии борци е покрената кривична постапка во Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.