Претседателката на Советот на Руската Федерација, Валентина Матвиенко, порача дека преговорите меѓу Русија и Украина може да се водат само доколку Киев ги прифати условите на Москва.
Се разбира, ако Западот сака, ќе го стави Киев на преговарачка маса и ќе ги натера да склучат мировен договор. Тие имаа сосема други цели, различни задачи. А, денес тоа веќе им е очигледно на сите. Меѓутоа, Русија не избегна преговори, почнавме преговори со Украина – изјави Матвиенко за телевизијата СТВ.
Таа објасни дека преговорите треба да се одвиваат под „реални услови“.
Тие се познати. И ние ги објавивме во јавноста. Ова се условите што беа објавени во целите на специјалната воена операција и, се разбира, Русија нема да преговара под никакви други услови, бидејќи Украина е таа што ја премина црвена линија – изјави Матвиенко.
Во Украина, според неа, колективниот Запад се бори против Русија.
Ако зборуваме за тоа што се случува во Украина, Русија не е во војна. Тоа е колективниот Запад, НАТО е тој што војува со Русија преку рацете на Украинците. Затоа моравме да сториме се да го заштитиме нашиот суверенитет и нашата безбедност. Русија е сè уште подготвена за преговори, но не декларативно, без да измислува никакви шеми или теми кои може да ги одложат преговорите. Мора да се прифатaт јасно и прецизно нашите услови. И тоа ќе стане основа за преговори, при што ќе може да се прецизираат нијансите и така натаму – нагласи претседателката на Советот на Руската Федерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.