Потезите на Северноатлантската алијанса предводена од САД се причината што доведе до надминување на „критичната точка“ на тензиите меѓу Русија и Украина, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијиан.

На редовниот брифинг пред медиумите, Жао ги повика САД сериозно да ги земат предвид забелешките на Кина и да избегнуваат активности со кои се поткопуваат кинеските интереси, како во однос на ставот што Пекинг го има по украинското прашање, така и во однос на кинеските врски со Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.