Официјален Кремљ соопшти дека чека одговор од Киев за продолжувањето на мировните преговори.

Оттаму велат дека гледаат решение за ситуацијата и дека понатамошниот развој ќе зависи од Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, сепак, додава дека со Киев не се договорени никакви конкретни документи.

Претходно, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подолјак, соопшти дека третата рунда од преговорите за сопирање на огнот меѓу Русија и Украина треба да се одржат на почетокот на следната недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.