Украинската армија соопшти дека руските единици се групираат на приодите кон Славјанск и дека имале „делумен успех“ во борбите што се водат во овој источен град.

Генералштабот на Украина соопшти дека руските сили се подготвуваат да ја продолжат офанзивата против Славјанск, додека „Си-Ен-Ен“ објави дека соседниот Краматорск, најголемото урбано место во регионот Доњецк, сè уште е под украинска контрола.

Генералштабот додава дека Русите се обиделе да извршат напад врз градовите северозападно од Славјанск – Барвинкове и Свијатохирск, но не успеале во офанзивата.

Според Генералштабот, борбите продолжуваат во Северодонецк, а Русите со употреба на артилериски оган ги нападнале станбените населби во источниот дел на градот.

Непријателот има делумен успех – соопшти украинскиот Генералштаб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.