Украинските власти отфрлаат секаква можност да се дозволи специјален статус на Донбас (регион во источниот дел на Украина), како и можноста регионот да добие можност за ставање вето на одредени владини одлуки.
Ниту еден украински регион нема да има моќ да влијае на државните одлуки. Ова е врежано во камен. Нема да има посебен статус, како што замислува Русија – изјави украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба.
Шефот на украинската дипломатија истакна дека Киев работи на широка децентрализација, но истовремено е подготвен да работи и на имплементација на Договорот од Минск.
Сепак, Договорот од Минск почнува со безбедносно прашање. На второ место е политичкиот дел. Така што сите мора да се фокусираат на безбедноста – изјави Кулеба во интервју за „Речпосполита“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.