Од почетокот на воените дејствија во Украина, oколу 350.000 Украици влегле во Полска.

Во последните 24 часа, 100.000 лица ја минаа полско-украинската граница – информира полскиот заменик министер за внатрешни работи, Мациеј Васик, за „Полски радио 1“.

Според Обединетите нации, вкупниот број на лица кои побегнале од Украина изнесува над половина милион.

Стотици илјади се раселени внатре во самата Украина, но, портпаролот на УНХЦР, Крис Мелзер, појасни дека е тешко да се каже прецизен број.

Координаторот за хуманитарна помош на ОН, Мартин Грифитс истакна дека организацијата се обидува дополнително да ѝ помогне на Украина, но, за тоа треба повеќе пари и безбедносни гаранции.

Според агенцијата ДПА, вкупно 119 хуманитарни организации моментално се активни во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.