Најмалку 9.000 жени се убиени во Појасот Газа од 7 октомври, кога започна војната меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска локалното Министерство за здравство.

Како што е наведено, околу 60.000 бремени жени во Газа страдаат од „неухранетост, дехидрација и недостаток на соодветна здравствена заштита“.

Околу 5.000 трудници месечно раѓаат во „тешки, небезбедни и нездрави услови“.

Агенцијата на ОН за помош и работа за Палестина (UNRWA) објави на платформата X дека во таа мала енклава дневно се убиваат во просек по 63 жени.

Во објавата се вели дека на Меѓународниот ден на жената „жените во Газа продолжуваат да ги трпат последиците од бруталната војна“.

Генералниот комесар на УНРВА Филипе Лазарини оцени дека е потребно повеќе да се работи за поддршка и заштита на жените и дека „итниот прекин на огнот е минимум“.

30.878 луѓе се убиени во израелските воени операции и борби во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот исламистички Хамас, соопштено е денеска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.