Министерството за здравство во Појасот Газа, со кој управува Хамас, денеска соопшти дека од 7 октомври досега во израелските напади на оваа територија се убиени вкупно 25.490 Палестинци, а 63.354 се ранети.

Најмалку 195 Палестинци загинаа, а 354 се ранети во изминатите 24 часа, додаде Министерството.

Повеќето од жртвите се жени и деца, а илјадници тела се уште не се вброени меѓу жртвите бидејќи се под урнатините низ цела Газа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.