Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ракетниот напад врз трговски центар во предградие на Киев, бил извршен затоа што тој се користел за криење ракетни системи и складирање ракети. Од руското министерство објавија и видео од дејствувањето на украинските системи „Град“ од градските области на Киев, како и видео од последователното уништување на овие ракетни системи.
На видеото се гледаат снимки од дрон направени во различни периоди. На нив се гледа пукање од украинскиот ракетен систем „Град“ поставен покрај станбени згради. Неговите ракети летаат над една од зградите, како и над градските улици.
Во продолжение, снимките од дронот го следат мобилниот ракетен фрлач тоа, „Град“ се поместува од својата позиција и се крие во близина на трговскиот центар. На следните снимки се гледа ракетниот удар кој погодува точно во центарот на зградата каде што се криеле украинските системи „Град“. Тој дел од зградата е целосно уништен заедно со украинските борбени возила.
Претходно жителите на Киев на социјалните мрежи објавија фотографии на кои се гледа дека на тоа место се криеле најмалку четири борбени возила на системот „Град“.
Украинските власти соопштија дека во нападот загинале осум лица. Ударот ги искршил сите прозорци на соседниот облакодер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.