Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за продолжување на мисијата на ОН во Либија за само три месеци. Текстот го состави Велика Британија по неколкудневни спорови меѓу САД и Русија.

Краткиот текст, усвоен едногласно, предвидува мисијата да продолжи до 30 април. Претходната верзија на текстот предвидуваше дека мисијата на ОН ќе биде продолжена до 15 септември.

Либија се обидува да излезе од децениското насилство по рушењето на претседателот Моамер Гадафи во 2011 година, што предизвика хаос во земјата, со борби за моќ и неодредено одложување на претседателските избори првично закажани за 24 декември минатата година.

Во усвоената резолуција не се споменува дека наскоро во таа земја ќе се одржат избори.

Резолуцијата само потсетува дека мисијата за поддршка на ОН во Либија (УНСМИЛ) треба да биде предводена од специјален пратеник кој треба да биде назначен од генералниот секретар на ОН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.