– Нуклеарната централа Запорожје е исклучена од надворешното напојување на територијата на Украина и е префрлена на дизел генератори, се наведува во соопштението од нуклеарката објавено на Телеграм.

 

– Поради исклучувањето на високонапонскиот вод од 750 киловолти, нуклеарната централа Запорожје го загуби надворешното напојување со електрична енергија.

 

Моќта за сопствени потреби ја обезбедуваат дизел генератори … Нема зголемена радијација на местото на нуклеарната централа, се истакнува во соопштението.

Запорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа, со шест блокови. Станицата не произведува струја од 11 септември 2022 година.

 

Пет реактори се во ладен режим, а еден работи за да ги задоволи потребите на електраната.

Од март минатата година нуклеарната централа Запорожје е под контрола на руските сили, а од 1 септември минатата година таму дежураат неколку експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), кои се менуваат периодично.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.