Њујоршкиот весник „Њујорк Тајмс“ во ударен наслов на својата главна веб страница веднаш по експлозијата што се случи на 17 октомври објави дека Израел ја ракетирал болницата во Газа, по што се најде на удар на безброј критики по социјалните мрежи и од редица други угледни изданија.

Во уреднички коментар денеска весникот призна дека првите статии на оваа тема премногу се потпирале на тврдењата на Хамас и дека насловот и известувањето биле тендециозни. Се признава и дека известувањето за бројот на загинати во експлозијата не било точно.

-Првичните извештаи на Тајмс за тоа дека Израел е одговорен за експлозијата цитираа палестински официјални лица и укажаа дека војската на Израел ја истражува експлозијата, се вели во коментарот.

Њујорк тајмс призна дека објавил тенденциозен извештај за експлозијата во болницата во Газа 

Се додава дека тие статии не ставиле до знаење дека тврдењата не можат да бидат верифицирани и дека извештајот им дал „погрешна претстава на читателите за тоа што се знаело и колку кредибилни биле тие извештаи“.

Се наведува и дека американски и други меѓународни службени лица, меѓу кои и претседатело на САД, Џо Бајден, потврдиле дека имаат докази дека ракетата дошла од позициите на палестинските милитанти. Независни истраги на Волстрит журнал и на Си-ен-ен ги одбранија тврдењта на Изарел дека Тел Авив не е вмеашн во експлозијата во болницата.

-Со оглед на чувствителната природа на вестите за време на растечки конфликт, и големиот одглас што тие го имаат, уредниците на Њујорк тајмс требаше да бидат попретпазливи со правилноста на презентацијата и поексплицитни за тоа која информација може да се верифицира, наведува весникот и потенцира дека процедурите за објавување ударни вести ќе претрпат измени, пред сѐ во однос на мерките на заштита од вакви ситуации.

Милитантната група Хамас, во САД означена како терористичка организација, на 7 октомври изврши напад на делови од Израел при што беа убиени околу 1.400 израелски граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.