Американскиот милијардер, Илон Маск, одбил да и даде на Украина пристап до мрежата „Старлинк“ во близина на Крим, пишува „Њујорк Тајмс“.

Според извори запознаени со ситуацијата, Маск неколку пати го ограничуваше пристапот до „Старлинк“ за време на конфликтот. Во еден момент, тој го одби барањето на украинската војска да го вклучи терминалот во близина на Крим, пишува њујоршкиот дневен весник.

Според „Њујорк Тајмс“, тоа влијаело на стратегијата на бојното поле.

Како што се наведува во весникот, Маск има „црвени линии“ кои не ги поминува, а меѓу нив е и потенцијален напад на Вооружените сили на Украина на Крим со помош на неговите технологии. Маск, исто така, го прекинал пристапот на украинската војска до некои од терминалите на „Старлинк“ поради неплаќање закуп од 2.500 долари месечно за секоја инсталација.

„Старлинк“ е сателитска мрежа дизајнирана да обезбеди широкопојасен интернет пристап насекаде во светот. Од 2018 година проектот го спроведува „Спејс екс“ во сопственост на Илон Маск.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.