Цените на нафтата во азиската трговија повторно се зголемија поради немањето знаци за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, додека пазарите продолжуваат да стравуваат за недоволно снабдување, наведува „Си-Ен-Би-Си“.

Поради тие трендови, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) на крајот на минатата недела повика на брзо намалување на потрошувачката на нафта.

Фјучерсите на двете референтни сорти на нафта утрово пораснаа за повеќе од 3 отсто. Северноморскиот брент беше 111,46 долари за барел, а американската лесна сурова нафта на 108,25 долари за барел.

Цените на нафтата беа нестабилни во последните недели, достигнувајќи рекордни максимални вредности во март, по што паднаа за повеќе од 20 отсто, до нешто под 100 долари за барел, минатата недела. На крајот на неделата повторно се зголемија и повторно го поминаа прагот од 100 долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.