Германскиот сојузен Парламент и парламентите на сојузните покраини во согласност со мерките за штедење ги намалија температурите на ладење и греење.

Одборот за општи работи на Бундестагот на крајот на неделата одлучи сите простории на сојузниот Парламент во текот на летото да се ладат од 26 до 28 степени, а не како досега 24 степени Целзиусови. Исто така е предвидено во зима да се загреваат на 20, а не на 22 степени.

Во документот наречен „Заштеда на енергија во зградите на Бундестагот“ се наведува дека со мерките би можело да заштеди пет отсто од енергијата. Планирано е и исклучување на проточните бојлерите во повеќе од 1.800 канцеларии и „поштедлив однос кон осветлувањето“.

Слични мерки најавија и другите парламенти на 16. сојузни покраини во Германија. Во сојузната покраина Порајње-Фалачка ова лето просториите наместо на 21 степен се ладат на 24 степени, а во зима ќе се греат на 20 степени наместо досегашните 22 степени.

Во сојузната покраина Баден-Виртемберг греењето во зима беше само на 20 степени, а сега се планира да се спушти температурата на 18. Клима уредите се поставени на 26 степени.

Германската влада неодамна ги повика граѓаните да штедат поради претстојниот недостиг на гас, што Германија досега главно го увезуваше од Русија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.