Во неодамнешниот подкаст кој стана вирален на Инстаграм, гостинка беше Коди Санчез, позната милионерка кој даде сосема поинаков став за штедењето. Во текот на разговорот, водителот ја замолил да издвои еден финансиски совет кој ќе го промени начинот на кој многу луѓе размислуваат за парите. Она што таа го кажа предизвика поделени мислења.

Коди тврди дека штедењето е илузија на богатство и никогаш нема да ве доведе до вистинска финансиска слобода.

Заштедите никогаш нема да ве збогатат, истакнува таа.

Како што вели, „можете да заштедите како луди, но тоа само ве враќа на нула“.

Заштедата бара огромен труд и жртва, а на крајот се сведува на тоа да живеете во постојан страв да потрошите се што имате, рекла Коди.

Таа објаснува дека е многу подобро да научите како да заработувате повеќе отколку постојано да се фокусирате на тоа како да заштедите пари.

Откако ќе научите како да ги зголемите приходите, станувате незапирливи. Штедењето, од друга страна, може да ве направи премногу претпазливи, што ве спречува да ризикувате и да постигнете поголеми цели.

Секако, ваквиот став предизвика бура од коментари. Многумина не се согласуваат со Коди и тврдат дека штедењето е основа за поголема заработка. Оние кои се занимаваат со финансии истакнуваат дека штедењето може да биде првиот чекор кон инвестирање во нешто попрофитабилно, како недвижен имот или почнување бизнис.

Штедењето, според нив, овозможува создавање основен капитал за понатамошен раст.

Има и такви кои го поддржуваат расмислувањето на Коди и веруваат дека фокусирањето на зголемувањето на приходите е подобар пристап, додека, пак, други сè уште се верни на традиционалната мудрост на штедењето, а оваа дискусија секако го отвори прашањето како да се пристапи до парите во денешниот свет и што е всушност најдобриот пат кон финансиската стабилност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.