Велика Британија денеска објави нов пакет санкции против Русија во обид да го ограничи воениот арсенал и финансирањето на воената машина на претседателот Владимир Путин.

Новиот пакет мерки вклучува повеќе од 50 поединци и субјекти и е последен во низата координирани напори на Западот да и нанесе удар на руската економија.

„Нашиот меѓународен економски притисок значи дека Русија не може да си ја дозволи оваа нелегална инвазија. Нашите санкции ги исцрпуваат ресурсите што на Путин очајно му се потребни за финансирање на војната“, рече министерот за надворешни работи Дејвид Камерон.

Велика Британија ја санкционираше руската индустрија за муниција, вклучително и државната компанија Свердлов. Мета на санкциите се и изворите на приходи во металуршката индустрија, енергијата и трговијата со дијаманти.

На листата санкции се и руските увозници и производители на машински алати кои се користат во производството на одбранбени системи и компоненти, од проектили и мотори до тенкови и борбени авиони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.