Министерката за надворешни работи на Нов Зеланд, Нанаја Махута, најави нови санкции против одреден број руски граѓани и компании поради случувањата во Украина.
Според министерката Махута, новиот пакет санкции е насочен против осум руски компании и лица вклучени во, како што рече, „дезинформациската кампања на Путин“.
Според информациите објавени на веб-страницата на новозеландското МНР, новиот санкциите ги вклучуваат портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, главниот истражител Игор Костјуков, генералниот директор на медиумската компанија „ВГТРК“ Олег Добродејев, претседателот на медиа-холдингот „Црвена звезда“ Алексеј Пиманов и ко-основачот на порталот „Њузфронт“ Михаил Синелин.
Нов Зеланд досега воведе санкции за повеќе од 650 руски граѓани, меѓу кои и претседателот Владимир Путин, членовите на Државната дума и 55 најголеми руски компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.