Во Кина денеска се регистрирани 3.393 случаи на заразени со коронавирусот, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата во февруари 2020 година.

Поради големиот скок во бројот на случаи низ целата земја, властите ги затворија училиштата во Шангај и заклучија неколку градови во североисточниот дел на Кина, додека повеќе од десет провинции се борат да ги спречат локалните жаришта.

Властите на градот Џилин, со население од речиси четири милиони, спроведоа задолжително тестирање поради пријавените нешто повеќе од 500 случаи на варијантата омикрон.

Границите на Кина остануваат затворени бидејќи властите спроведуваат пристап на нулта толеранција во борбата против епидемијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.