Нов напад на украинско беспилотно летало предизвика пожар во рафинеријата Славјанск на југот на Русија и смрт на едно лице, соопштија утрово регионалните власти во Краснодар.

Нападите со беспилотни летала врз рафинерии и енергетски капацитети се зголемени оваа недела во Русија, каде денеска е последниот ден од претседателските избори кои треба да доведат до очекуваниот реизбор на Владимир Путин.

Пожарот во реонот на нафтената рафинерија во Славјанск е целосно изгаснат.

Едно лице почина за време на нападот, а веројатна причина е срцев удар“, соопштија локалните власти во блискиот Краснодар.

Вчера, по напад со дрон, опожарена е рафинерија во Самара на околу илјада километри од украинската граница.

Нафтена рафинерија исто така беше цел на беспилотни летала во средата во Рјазан, на околу 200 километри југоисточно од Москва.

Во вторникот, беспилотни летала гаѓаа рафинерија во регионот Нижни Новгород, на 800 километри од границата со Украина.

„Утринава над Москва беа соборени неколку дронови“, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин.

Во петокот Владимир Путин вети дека украинските напади на руска територија нема да останат „неказнети“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.