Четиринаесетгодишник е уапсен под сомнение дека „со неколку вида на оружје“ ги убил неговите родители и тешко ја ранил 11-годишната сестра во нивниот дом во околината на Фресно, Калифорнија во средата навечер. Според шерифот Џон Занони, полициските службеници пристигнале во домот откако добиле пријава за кражба и напад.
Затекнале две тела идентификувани како таткото Лу Јанг и мајката Се Ванг, двајцата на 37 години. Девојчето било тешко рането, а најмладиот член на фамилијата, седумгодишно момче, било неповредено, а моментално го чуваат неговите роднини.
Според шерифот, 14-годишникот пред полицијата тврдел дека некој провалил и ги нападнал членовите на семејството пред да побегне со пикап, но детективите откриле недоследности во неговата приказна и тој на крајот бил приведен.
Тој измисли приказна за кражба, рече Занони.
Портпаролот на шерифот рече дека се уште ја утврдуваат причината и локацијата на смртта. Осомничениот засега е ставен во малолетнички дом под обвинение за убиство и обид за убиство.
Пред само неколку дена браќа тинејџери се уапсени за убиство на нивната сестра после семејна расправија околу божиќните подароци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.