Нов инцидент на авион на компанијата „Боинг“ низ светот. На модел од типот 737-800 на компанијата на компанијата „Саутвест Ерлајнс“ (Southwest Airlines) му падна капакот на моторот по полетувањето од аеродромот во Денвер и удри во крилото. Поради овој инцидент, Федералната управа за авијација отвори истрага.
Медиумите пренесуваат дека никој не е повреден на летот 3695 на компанијата „Саутвест“, а авионот безбедно се вратил на аеродромот.
Авионот требало да лета за Хјустон, а во него имало 135 патници и шест членови на екипажот.
„Боингот“ се искачи на височина од 3.100 метри, а потоа се вратил во Денвер, 25 минути по полетувањето.
Поради честите инциденти на авионите „Боинг“, неколку директори во изминатите месеци поднесоа оставки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.