Новинарите на „Си-Ен-Ен неодамна имаа нов гаф кога известуваа за состојбата во Украина, поради што станаа мета на потсмев на социјалните мрежи и интернет.

За време на еден од извештаите за случувањата во и околу Украина, американската медиумска куќа ги помеша Србија и Унгарија, односно објавија мапа на која ја Србија ја поставија како сосед на Украина.

Откако фотографијата заврши на социјалните мрежи почнаа да стигнуваат огроен број коментари.

„Си-Ен-Ен“ ги помеша Унгарија и Србија. САД повторно го демонстрираат своето „брилијантно“ познавање на географија (и особено на Украина)  

 

Па, тоа се Американците… Што очекувавте?“

 

Не им е грижа. Ова е за американската публика. Дали некој се грижи? Дали некој знае? – се дел од коментарите.

Други, пак, потсетуваат на претходните гафови на „Си-Ен-Ен“, но и на американските лидери кои Украинците ги нарекуваа Иранци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.