Претседателот на САД, Џо Бајден, одговарајќи на новинарско прашање за рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека тој ја губи војната во Ирак.
Тешко е да се каже, но тој очигледно ја губи војната во Ирак, изјави Бајден, најверојатно мислејќи на војната во Украина.
Тоа е уште еден гаф на Бајден. Претходно во текот на месецот тој во својот говор пред поддржувачите за контрола на оружјето рече: „Боже чувај ја кралицата“.
Подоцна Белата куќа соопшти дека забелешката била упатена кон некого од публиката, без да наведе други детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.