Норвешка денеска соопшти дека ќе и испорача дополнителната воена помош на Украина годинава, вклучително и ултралесни беспилотни летала, елементи од системи за противвоздушна одбрана и храна за украинските војници.

Норвешката Влада вчера објави дека ќе ја зголеми воената поддршка за украинската армија, издвојувајќи за оваа година дополнителни 2,5 милијарди норвешки круни (околу 220 милиони евра) од повеќегодишниот пакет наменет за оваа намена.

Тоа ќе ја зголеми воената помош на Норвешка за Украина на 10 милијарди круни, од првично планираните 7,5 милијарди круни за оваа година, покрај 7,5 милијарди круни хуманитарна помош.

Осло до денеска не ги прецизираше деталите за опремата што треба да се испрати во Украина.

Таа ќе вклучува 1.000 ултралесни беспилотни летала „Блек Хорнет“ („Black Hornet“), елементи од ракетните системи за противвоздушна одбрана „Неисамс“ кои ќе ги надополнат системите од истиот тип што Литванија планира да и ги испорача на Украина, како и десетици илјади оброци за украинските војници“, изјави денеска норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам.

Целата оваа опрема се произведува во Норвешка.

Скандинавската земја додели повеќегодишен пакет од 75 милијарди круни наменети за цивилна и воена помош за Украина за периодот 2023-2027 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.