Норвешка и Велика Британија заеднички ќе испорачаат микро беспилотни летала „Блек хорнет“ (Black Hornet) на Украина за да и помогнат во војната со Русија, соопшти норвешкото Министерство за одбрана.

Дроновите, кои ќе му бидат донирани на Киев, се користат за извидување и препознавање на цели и чинат околу 90 милиони норвешки круни (9,26 милиони американски долари), соопшти Министерството.

Пакетот помош вклучува, покрај самите дронови, резервни делови, транспорт и обука за нивно користење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.