Норвешкото Министерство за одбрана соопшти дека Норвешка ѝ донирала на Украина 22 самоодни хаубици.
Во соопштението на норвешкото министерство се наведува дека во донацијата се вклучени и резервни делови, муниција и друга опрема.
Норвешката влада чекаше јавно да се објави донацијата од безбедносни причини. Идните донации можеби нема да се објавуваат или коментираат – се вели во соопштението на норвешкото министерство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.