Авиокомпанијата „Норвежн“ (Norwegian) ќе го избегнува украинскиот воздушен простор. Причината е ескалацијата на тензиите во регионот, потврди компанијата за германската агенција ДПА.

Авионите на компанијата не летаат директно за Украина, но понекогаш преминуваат во просторот на земјата за да стигнат, на пример, до Турција, појасни портпаролот.

„Норвежн“ ги избегнуваше источните делови на земјата, по случајот со летот МН17 на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година.

Холандската авиокомпанија „КЛМ“, викендов соопшти дека како безбедносна мерка, ги прекинала своите летови за Украина. Други авиокомпании размислуваат за слични чекори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.