По воведувањето санкции од Британија, САД, ЕУ и остатокот од Западот, рускиот весник „Комсомолскаја правда“ (КП) разгледува комплет од, како што ги нарекува, пет „пеколни“ санкции што Русија би можела да му ги наметне на Западот.

Сржта на западните санкции е рускиот финансиски систем, олигарсите, армијата и нешто малку ситно од нафтената индустрија, а новинарот Евгениј Проскурјаков во текстот за „КП“ го даде својот список на контра санкции:

1. Стопирање на природниот гас и нафтата за Европа.

2. Лишување на Европа и Америка од рускиот титаниум.

3. Прекинување со извозот на Паладиум.

4. Протерување на западните компании од Русија.

5. Затворање на руското небо за западните авиолинии.

Првата ставка е очигледна и најболна за Европа и не само заради природниот гас, туку и поради нафтата. Во 2021 Русија е најголемиот снабдувач со нафта на ЕУ. На 24 февруари германскиот министер за финансии изјави дека ако Русија го прекине снабдувањето со природен гас, економијата на ЕУ и Германија ќе доживее колапс.

Ако Русија зависи од Британија за авионски мотори (од Ролс Ројс), ЕУ и САД зависат од Русија за титаниум. Третина од титнаниумот што Боинг го користи за изградба на своите авиони, го купува од Русија. Кај Ербас ситуацијата е полоша, и тоа изнесува две третини. Руската компанија ВСМПО-АВИСМА е светски лидер во прозиводство на титаниум, и на нејзе отпаѓа 25% од светскиот пазар на титаниум кој го извезува на 50 држави.

Ситуацијата е уште понеповолна со рускиот паладиум кој зафаќа речиси една половина од светскиот пазар, а паладиум е потребен за производство на авиони, автомобили, лаптопи, мобилни итн. Оваа санкција би важела и за Јапонија која прва реши да воведе санкции на Русија за високо-технолошка роба.

Во име на заштита на физичкото и менталното здравје од Русија да се протераат фирми како Мекдоналдс, Кока-кола и социјалните мрежи.

Кога Русија би ги лишиша светските авио-превозници од пристап до своето небо, може веднаш да се очекува зголемување на потрошувачката на гориво а со тоа и цената на картите. Или на пример, пристапот да им се забрани на холандските компании, а да руското небо и понатаму да биде отворено за малезиските „тогаш кој ќе има поскапи карти, и од кого ќе бегаат муштериите?“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.