Невреме во Велика Британија и Ирска предизвика откажување на летовите во двете земји и остави без струја илјадници домови во Ирска, објавија британските медиуми.
Невремето, наречено „Кетлин“, погоди голем број летови на аеродромите во Ирска и Велика Британија, вклучувајќи ги аеродромите во Манчестер, аеродромот во Белфаст и аеродромот во Даблин. Во Шкотска, од невремето беа погодени и железничките и фериботите.
Силниот ветер предизвика прекин на електричната енергија. Околу 34.000 домаќинства и бизниси останаа без струја во Ирска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.