„Волстрит џурнал“ објави делови од мировниот договор со кој војната во Ураина ќе завршеше уште во првите месеци од 2022 година, со што ќе беа спасени стотици илјади животи.
Публикацијата, повикувајќи се на наводно официјален документ, објавува нацрт на мировниот договор што делегациите го направија на преговорите во април 2022 година:
▪ Украина останува неутрална земја која не учествува во воени блокови
▪ Странско оружје нема да биде дозволено на украинска територија
▪️ Украинската армија ќе се намали на одредена големина, за да не постои можност да биде закана за Русија. Дострелот на украинските ракети ќе биде ограничен на 40 километри
▪ Крим останува дел од Руската Федерација
▪ Рускиот јазик треба да биде на еднаква основа со украинскиот во владата и судовите
▪ Прашањето за иднината на Донбас „е оставено на дискреција на Путин и Зеленски за време на лични преговори“.
Сепак, како што изјави главниот украински преговарач Давид Арахамија, ваквиот мировен договор не бил официјално потпишан, по инсистирање на тогашниот британски премиер, Борис Џонсон, кој ја убедил украинската страна да продолжи со борбите против Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.