Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва демантираше дека израелските одбранбени сили се одговорни за пукањето во болница во Газа.
– Цел свет треба да знае, варварските терористи во Газа ја нападнаа болницата во Газа, а не израелските одбранбени сили. Оние кои брутално ги убиваа нашите деца, ги убиваат и сопствените деца – рече Нетанјаху во својот пост на X.
Болницата во Газа беше погодена во попладневните часови, а Хамас тврди дека загинале стотици луѓе.
Портпаролот на израелските одбранбени сили ја обвини за нападот Палестинскиот Исламски Џихад, група која негира дека била вмешана во таргетирањето на болницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.