Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави дека Израел нема да се согласи на прекин на огнот, бидејќи тоа би било „еквивалентно на предавање на Хамас и тероризмот“.

Нетанјаху одржа прес-конференција додека израелските трупи навлегоа подлабоко во Газа, при што главниот воен портпарол на Израел предупреди дека воените операции на територијата ќе „ескалираат“.

Тој додаде дека повиците за прекин на огнот се исто што и „повикот до Израел да му се предаде на Хамас, да се предаде на тероризмот и варварството“.

Тоа нема да се случи. Библијата вели дека има време за мир и време за војна. Ова е време за војна, порача израелскиот премиер.

Тој го повика светот „да не се предава на тиранијата и теророт“.

Израел не ја почна оваа војна. Израел не ја сакаше оваа војна. Но, Израел ќе победи во оваа војна. Хамас „силуваше жени“ и „обезглавуваше мажи“ за време на нивниот напад на 7 октомври, изјави Нетанјаху.

Тој ги опиша нивните постапки како „најстрашните злосторства што можат да се замислат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.