Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, рано утрово изјави дека неговата земјата почнала долга и тешка војна и дека првата фаза ќе биде завршена во наредните часови.
Првата фаза завршува во овие часови со уништување на поголемиот дел од непријателските сили кои навлегоа на нашата територија. Во исто време, почнавме офанзива и тоа ќе продолжи без резерва и без одмор, до постигнување на целите. Ќе ја вратиме безбедноста на граѓаните на Израел и ќе победиме, истакна Нетанјаху по состанокот на Владата.
Меѓу одлуките донесени од кабинетот за безбедност е и прекинот на снабдувањето со електрична енергија, гориво и артикли на Појасот Газа.
Израелската Влада одобри уништување на воените и управувачките капацитети на Хамас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.