Нема место во Појасот Газа до кое нема да стигне израелската армија, предупреди денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху при посетата на базата за обука на израелските одбранбени сили Зиким, во близина на Појасот Газа.
„Нема место во Газа до кое нема да стигнеме. Нема скривалишта, нема засолништа за убијците на Хамас. Ќе стигнеме таму, ќе го елиминираме Хамас и ќе ги вратиме дома нашите заложници – ова се нашите две свети мисии“, рече Нетанјаху, според „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека синоќа повторно разговарал со американскиот претседател Џозеф Бајден и рекол дека Израел нема да се откаже, дека ќе го уништи Хамас и ќе постигне целосна победа.
„Се сеќавате кога рекоа дека нема да ја нападнеме Газа? Ние упаднавме. Тие рекоа дека нема да стигнеме до периферијата на градот Газа, стигнавме. Тие рекоа дека нема да влеземе во (болницата) Шифа, влеговме“, рекол Нетанјаху во видео изјава, објавена од неговиот кабинет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.