Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во Комитетот за надворешни работи и одбрана на Кнесетот, изјавил дека израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе влезат во Рафа како дел од копнената операција и дека тоа му го кажал на американскиот претседател Џо Бајден во нивниот последен телефонски разговор.
Имаме несогласување со Американците за потребата да влеземе во Рафа. Не за потребата да се елиминира Хамас, туку за потребата да се влезе во Рафа. Не гледаме начин за воено елиминирање на Хамас без да ги уништиме овие преостанати баталјони. Ние сме решени да го сториме тоа, рекол Нетанјаху во Комитетот за надворешни работи и одбрана, објави „Тајмс оф Израел“.
Тој посочил дека на американскиот претседател, во нивниот вчерашен разговор, јасно му кажал дека Израел е решен да ја заврши елиминацијата на тие баталјони во Рафа.
Нетанјаху додал дека двајцата лидери се договориле за нов механизам – Американците да ги споделуваат со нив своите идеи за хуманитарна помош и евакуација на цивилите, за што е загрижен и Израел.
Тој нагласил дека Израел мора да ја заврши воената елиминација на Хамас.
Нема замена за тоа, не можете да го заобиколите, не можете да кажете „ќе уништиме 80 отсто од Хамас“, „ќе уништиме 20 отсто“, бидејќи тие 20 отсто ќе се реорганизираат и повторно ќе го заземат Појасот (Газа) и секако тие ќе претставуваат нова закана за Израел и секако тоа ќе биде и победа за пошироката оска што ни се заканува – иранската оска“, рекол Нетанјаху.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.