Момче загина во францускиот град Монпеље поради судирите меѓу навивачите на Франција и Мароко по полуфиналето на Светското првенство.
Во соопштението објавено од канцеларијата на локалната самоуправа се вели дека момчето вчера било „насилно удрено“ од автомобил. Тој бил префрлен во болница, но набргу по пристигнувањето починал.


Возилото е пронајдено во близина на местото на настанот, а полицијата врши увид.


Претходно Франција го совлада Мароко со 2:0. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледаат толпи луѓе на улица кои се движат околу автомобил кој вози непречено.

Навивачите на ривалите претходно се судрија и во Париз.

Нереди избија и во Брисел
Околу стотина навивачи синоќа беа приведени во Брисел поради нереди откако Мароко загуби со 2:0 од Франција во полуфиналниот натпревар на Светското првенство, јави агенцијата Белга, повикувајќи се на полицијата.

Навивачите се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување на две полициски возила и поседување забранети огномети, објави агенцијата рано утринава.

Делови од патиштата во центарот на градот беа блокирани во пресрет на натпреварот, се вели во извештајот. Сликите од средата вечерта покажуваат купишта запалено ѓубре, како и голем број полицајци во опрема за разбивање на немирите на улиците на Брисел.


Неколку лица беа уапсени и во текот на судирите во Антверпен, северно од главниот град, објави Белга.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.