Немунас Бикнијус, извршниот директор на „Амбер Грид“, компанијата задолжена за транспорт на гас од Литванија, соопшти дека нема непосредни докази оти експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија била последица на напад.

Според првичната проценка, не гледаме напад како причина за експлозијата, но истрагата ќе ги вклучи сите можни опции, изјави Бикнеус на прес-конференција.

Пожарот што избувна по експлозијата е изгаснат и повторно е воспоставен транспортот на гас за Летонија.

На снимката која ја објави литванската телевизија ЛРТ може да се види дека има пожар на местото на експлозијата во областа Паневезис во cеверна Литванија. Огнот можеше да се види на растојание од најмалку 17 километри, објави претходно ЛРТ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.