Тажни вести доаѓаат од Турција. Под рушевините по разорниот земјотрес во Турција, пронајдени се телата на одбојкарскиот брачен пар, Бетул Чобан Чакир и Бедретин Чакир.

Нашата болка е голема…Со длабока тага дознавме за заминувањето на Бетул Чобан Чакир, која потекна од нашиот тим и со години на најдобар начин го претставуваше нашиот клуб и нејзиниот сопруг Бедретин Чакар, исто така одбојкар. И посакуваме божја милост на нашата спортистка и нејзиниот сопруг, нека рајот биде ваше место, стои во објавата на клубот МериносБолејбол.

Бетул имала 27 години и играла за екипата Меринос, а нејзиниот две години постар сопруг , некогаш играл во Халкбанк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.