Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, прогласи вонредна состојба во следните три месеци во 10 погодени провинции.

„Имаме 3.549 загинати, 22.168 повредени. Нашето најголемо достигнување е тоа што досега спасивме повеќе од 8.000 наши граѓани под урнатините“, рече Ердоган.

„Турција се соочува со една од најголемите катастрофи не само во својата историја, туку и во светот“, додаде тој.

Бројот на жртвите во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и западна Сирија постојано расте и според последните податоци се работи за повеќе од 5.000 жртви.

Земјотресите зад себе оставија илјадници повредени и луѓе кои останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени блокови беа срамнети со земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.