По падот на авионот на кинеската авиокомпанија Чајна Истерн Ерлајнс, во кој имаше 132 лица, не се пронајдени преживеани, а потрагата продолжува денеска, јави кинеската државна телевизија.
Во извештајот се наведува дека меѓу остатоците од авионот кои се пронајдени на местото на несреќата, досега не е пронајдено ниту едно лице.
Синхуа јави дека авионот создал голема дупка во планинската област каде што се урнал. Агенцијата додава дека црната кутија ќе се бара и со беспилотни летала.
Авион со 132 патници и член на екипажот кој летал од градот Кунминг во западната провинција Јунан кон индустрискиот центар Гуангжу на источниот брег на земјата се урна вчера во близина на градот Вужоу.
Засега не е позната причината за падот на авионот што бил во употреба шест години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.