Според руските новински агенции, „Роскомнадзор“ го блокирал „euronews.com“ и неговата руска верзија „ru.euronews.com“ на барање на обвинителството. Мотивот за блокадата не е наведен.

Од почетокот на руската интервенција во Украина на 24 февруари, руските власти значително ја зајакнаа контролата врз информациите објавени на Интернет. На многу руски и странски медиуми, вклучително и Би-Би-Си, им беше забранет пристапот, а Фејсбук и Инстаграм беа прогласени за „екстремистички“ од московскиот суд во понеделникот.

Пристапот до Твитер е исто така ограничен. „Роскомнадзор“ ги обвини и „Google“ и „YouTube“ за „терористички“ активности, што е прв чекор кон можна блокада, пренесе Индекс.хр.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.