Јенс Столтенберг ќе остане на чело на НАТО уште една година затоа што пропаднале обидите да се најде негов наследник кој би ја добил поддршката од 31 членка на западната одбранбена алијанса, тврдат извори од НАТО.

Официјалната одлука за продолжување на договорот најверојатно ќе биде донесена следниот вторник на состанокот на постојаните претставници на земјите од НАТО во Брисел, јави ДПА.

Столтенберг во последните неколку месеци неколкупати изјави дека не сака нов мандат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.