Платформата ТикТок соопшти дека отстранила 500.000 видеа и затворила 8.000 преноси во живо за војната меѓу Израел и Хамас, неколку дена откако ЕУ ја потсети на нејзината обврска да се бори против нелегалната содржина.
Од 7 октомври, отстранивме повеќе од 500.000 видеа и затворивме 8.000 преноси во живо во дадената област, поради прекршување на нашите политики“, објави ТикТок на својот блог, додавајќи дека ги зајакнал своите тимови за контрола на содржината.
Во четвртокот, Брисел ја предупреди кинеската социјална мрежа, популарна меѓу младите, на нејзината обврска да се бори против „нелегалната содржина“ и „лажните информации“ во примената на новата регулатива на ЕУ за дигитални услуги (DSA).
Имате посебна обврска да ги заштитите (корисниците) од насилна содржина… која се чини дека циркулира во голем број на вашата платформа без специфични безбедносни контроли“, напиша европскиот комесар за дигитални платформи Тиери Бретнон во писмо до шефот на ТикТок, Шу Зи Чу.
Европскиот комесар издаде слични предупредувања до платформите Мета, Х (поранешен Твитер) и Јутјуб, во време кога платформите се преплавени со насилни содржини и дезинформации за војната на Израел со палестинскиот Хамас.
Веднаш мобилизиравме значителни ресурси за да ги имплементираме нашите политики против насилство, вклучително и здружување на клучните членови на нашиот глобален тим и 40.000 безбедносни професионалци“, информираа од ТикТок
Тие, исто така, велат дека го подобриле системот за „проактивно автоматско откривање“ на такви содржини во реално време и го зголемиле бројот на контролори кои зборуваат арапски и хебрејски.
За борба против лажните содржини, ТикТок потсетува дека работи со организации за верификација на податоци на повеќе од 50 јазици, вклучувајќи арапски и хебрејски.
ТикТок, исто така, го ограничи емитувањето во живо и некои „хаштагови“.
Повеќе социјални мрежи веќе одговорија на барањата на Европската комисија, меѓу кои и Мета и Х.
Платформата Х наведе дека повлекла или означила десетици илјади пораки, но Брисел, оценувајќи го тој одговор како недоволен, отвори подлабока истрага против мрежата на Илон Маск, изјави денеска Тијери Бретон.
Мониторинг компанијата „Висибреин“ од 7 октомври изброила 166 милиони пораки за војната објавени на Твитер, Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб и Тикток. Ова е 47 проценти повеќе отколку за Светското првенство во фудбал во 2022 година, кое беше еден од најкоментираните настани во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.