Владата на Франција ќе почне кампања за подигање на свеста, стравувајќи дека сезонските бури во 15 департмани на југот на Франција би можеле да предизвикаат поплави, јави дописникот на МИА од Париз.
Ќе се погрижиме масовно да комуницираме во 15-те департмани околу Медитеранот за ризиците од медитеранските феномени кои започнуваат од крајот на август – изјави министерот за еколошка транзиција Кристоф Бечу, за време на состанокот во Од, каде во 2018 година во поплавите загинаа 14 лица.
Кампањата ќе биде достапна во регионалниот печат, на радио, на социјалните мрежи и ќе ги нагласи мерките на претпазливост што треба да се преземат во случај на поплави: „не го земајте автомобилот, не се движете ако има опасност од невреме, качете се на повисок кат, не спуштајте се во визба“.
Девет милиони жители на Франција можат да бидат жртви на овие севенолни бури кои можат да достигнат и до 200 мм на квадратен метар, а за жал температурата на морето ја зголемува веројатноста за појава на ваков тип катастрофа – изјави Бечу.
Тој додаде дека почвите се толку суви поради сушата, што се стравува дека „моќните бури нема да ги наполнат подземните водни маси и ќе доведат до истекување и ризик од поплави“.
Мора да престанеме да зборуваме за глобалното затоплување во иднина, во право сме, тоа е навистина збир на се што е најавено што се случува – изјави министерот Бучу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.