Германските складишта за природен гас во моментов се пополнети над 80 отсто. Тоа укажува на стабилен напредок и покрај драстично намалената испорака од Русија во период на војна во Украина.

Според објавените податоци, складиштата за гас во Германија, најголемата европска економија, се пополнети 80,14 отсто.

Зголемените резерви гас се клучен фокус на германската Влада откако Русија ја почна воената операција во Украина на 24 февруари, со цел земјата да избегне нарушување во индустријата во период кога има раст на побарувачката за зимата.

Пред еден месец, германската Влада ги заостри барањата за пополнетост на складиштата, воведувајќи обврска тие да бидат полни 75 отсто до 1 септември, 85 до 1 октомври и 95 до 1 ноември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.